Европската комисија даде зелено светло за почеток на проектот преку кој ќе се реконструира железничката пруга од Битола до Кременица, односно до границата со соседна Грција. Со средства од претпристапните ИПА фондови во висина од 10 милиони евра, издвоени за развој на паневопскиот коридор, наскоро треба да се најде фирма која ќе ги започне градежните работи. Со оваа постапка, се очекува пругата повторно да профункционира по речиси 30 годишна апстиненција, со што повторно ќе стане дел од меѓународната линија Велес-Битола-Лерин-Солун. Од македонска страна треба да се реконструираат 20 километри, додека од грчка страна пругата е веќе обновена.
Со ова, наместо пругата да служи како место за испаша на животни, би требало да врати барем дел од нејзиното значење кое го имала во минатото и тоа од повеќе аспекти, јавува тв Орбис од Битола.
Враќањето на железничкиот сообраќај кон Грција се очекува да го подобри битолското стопанство. Реконструкцијата предвидува крак со влез во индустриската зона Жабени, што ќе значи поврзување со Солунското пристаниште за фабриките кои веќе постојат или планираат да бидат дел од оваа зона. Потенцијалните инвеститори ќе го имаат во предвид тоа како подобар услов при инвестирањето, бидејќи транспортот на стоки преку железничкиот сообраќај е поевтин за оние производи кои би се произведувале во зоната. Индивидуалниот фактор, односно патувањата на граѓаните исто така се момент кој не смее да се занемари, затоа што до Солун ќе се патува побрзо и поевтино, а со тоа понатаму подостапно може да биде поврзувањето и до останатите дестинации. Од друга страна, следејќи ги регулативите на ЕУ, железничкиот сообраќај во однос на останатите превозни средства има најголем придонес во заштитата на животната средина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Широк сокак обоен во црвено-жолто (видео)
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


