
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Андерсон, ќе настапува како позајмен играч во редовите на Фиорентина.
Трансферот го потврди менаџерот на „Олд Трафорд“, Дејвид Мојес, а бразилскиот фудбалски интернационалец веќе заминал во Фиренца.
„Вака ќе добие многу повеќе минути во игра од можноста во Јунајтед, ова е најдобро за него“, вели шкотскиот фудбалски стручњак.
Андерсон оваа сезона во составот на актуелниот премиерлигашки шампион заигра четири пати, меѓутоа не за цел натпревар.
Во редовите на оваа англиска екипа е од 2007-та година, кога стигна од Порто и досега одиграл 179 мечеви и постигнал девет погодови, забележувајќи 21 асистенција.
Бразилецот ќе биде вториот фудбалер кој е позајмен во тимот на „Виолетовите“ оваа натпреварувачка кампања, откако во клубот стигна Алесандро Матри од италијанскиот состав Милан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


