
Македонскиот ракометен репрезентативец, Бранислав Ангеловски, вели дека македонските ракометарите не застануваат тука, туку ќе ја зграпчат секоја шанса што ќе се укаже:
-Треба да бидеме свесни дека ја обезбедивме втората групна фаза и за прв пат пренесовме два бода и тоа во период во кој игравме без четири ракометари. Ги немавме Мојсоски, Лазаров, Вугринец и Прибак. Добро е што сега Немања Прибак ќе може да настапи, бидејќи во овој момент му е неопходен на оваа репрезентација со лимитираниот број на ракометари на надворешните позиции. Мислам дека направивме голема работа, а јас од секогаш верував во овие ракометарите и во нивната приврзаност кон репрезентацијата. Тука не застануваме. Секоја шанса која ќе ни се укаже подготвени сме да ја зграпчиме – рече битолчанецот меѓу тримфот со Австрија и очекувањата за првиот меч од втората фаза против Унгарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


