Артан Груби, шеф на кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ќе биде кандидат за градоначалник на ДУИ пред скопјани на претстојните локални избори во март.
Според Дневник, токму Ахмети одлучил за кандидатурата на Груби за Скопје иако во конкуренција биле и министерот за економија Ваљон Сарачини, заменик-министерот за образование Сафет Незири, портпаролот Бујар Османи и пратеничката Ермира Мехмети.
Груби е познат на јавноста како водач на невладината „Разбуди се“ и како учесник во тепачката на Скопското кале, за што беше осуден на условна казна на шест месеци.
Противкандидат на Груби од опозициската ДПА, за Скопје е Беќим Фазлиу
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.