
Францускиот претседател Франсоа Оланд ја посети Валери Трирвелер во болница, каде е примена минатиот петок откако магазинот „Клозер“ ја објави репортажата за врската меѓу претседателот и актерката Жули Гаје. Информацијата за посетата на Оланд на Трирвелер ја потврди Елисејската палата, откако повеќе весници објавија дека лекарите не му дозволуваат на претседателот да ја посети неговата официјална придружничка.
Триервеилер се наоѓа во болницата „Питие-Салпетриер“ во Париз, поради големата слабост, како што наведуваат нејзините блиски.
Претседателот Оланд вети дека ја расчисти ситуацијата во неговиот приватен живот пред посетата на американскиот претседател Барак Обама, што е предвидена на 11 февруари.
Најновото издание на „Клозер“ денеска објави нови детали од врската меѓу претседателот и актерката, која според магазинот трае скоро две години.
Гаје поднесе тужба против „Клозер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


