| четврток, 6 декември 2018 |

Изгубени во преводот, норвешки новинар објави дека Унгарците го чуваат Наѓ за втората фаза

И медиумите во развиените земји прават грешки, и тоа кардинални, а една таква со невистинита информација за нашиот следен противник на ЕП, Унгарија, направија норвешките колеги од порталот „Бергенс Тиденде“.

Тие пред дуелот на нивната селекција против Унгарија, што вчера заврши 26-26, објавија дека е добро што Ласло Наѓ, корпулентниот десен бек на Веспрем, нема навреме да допатува во Данска.

– Наѓ е на пат за Данска, но, за среќа, нема да игра против нашата репрезентација – најавија норвешките новинари.

Вистината е дека Наѓ воопшто не е во составот на Унгарија поради повреда, а селекторот Мочаи вели дека нешто се „загубило“ во преводот.

– Јас им реков дека Ласло е на добар пат што поскоро да заздрави по повредата, а тие ме разбраа погрешно, дека патува кон Данска – вели Мочаи.

Како и да е, за Унгарците голем хендикеп е што 209 сантиметри високиот бек на Веспрем нема воопшто да игра, што е добро за Македонија. Против Унгарците го играме првиот меч од втората фаза во Групата 1, утре од 16 часот во Хернинг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top