Обвинетиот Ивица Ристиќ побарал заштита на идентитетот и ги посочил извршителите на убиството, но, освен на Предраг Чубрило, не можеше да се сети на други имиња, рече сведокот Киро Станковски, поранешен вработен во МВР, на судењето за убиството на Марјан Тушевски и на Киро Јанев во скопско Тафталиџе, во 2001 година.
Во случајот познат во јавноста како „Ровер“ се обвинети петнаесетмина, меѓу нив и поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, кому му се суди за помагање во убиството.
Во распитот на сведоци, мајката на убиениот Јанев, Мирослава Јанева, рече дека се приклучува кон кривичниот прогон на обвинетите и дека животот на нејзиниот син нема цена.
Станковски рече дека додека бил вработен во полицијата, контактирал со обвинетиот Ристиќ, кој побарал заштита на идентитетот и ги посочил извршителите на убиството, но, освен на Предраг Чубрило, не можеше да се сети на други имиња.
Според Станковски, убијците му оставиле на Ристиќ четири парчиња оружје и му рекле да ги фрли во реката. Според тоа што му го кажал Ристиќ на сведокот, тој во тој момент не знаел за убиството на Тушевски и на Јанев и не знаел што се случило. Ристиќ го однел оружјето во кафеана што била негова сопственост. Распитот на сведоци продолжува.
Неговото сведочење предизвика напнатост меѓу адвокатите и обвинителката. Според адвокатите, обвинителката во распитот поставувала сугестивни прашања, на што таа одговори дека целта ѝ е сведокот Станковски јавно да каже за контактите со Ристиќ, кој се брани со молчење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Одложено судењето за 27 април
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Сведок ги препозна двајцата напаѓачи на судењето за убиството на Саздовски
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа


