
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов, не ја криеше радоста попобедата над Австрија со која обезбедивме пласман во следната фаза и згора на тоа пренесуваме два бода.
– Со двата бода со кои влегуваме во следната фаза, автоматски обезбедиваме место меѓу најдобрите десет селекции во Европа. Секоја следна победа ќе значи две до четири места погоре, а тоа би било голем успех. Стартната цел со ова ја остваривме, сега се повеќе ќе биде плус, изјави Мукаетов за веб стараната на РФМ и додава дека за предводниците на ракометниот спорт не е мала работа да се биде меѓу најдобрите десетина европски селекции, каде што би можел да не смести вечерашниот триумф.
Македонија во вториот круг ќе ги одмери силите со Унгарија, Исланд и Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


