| четврток, 6 декември 2018 |

Трета среќа: Тони Цетински по трет пат се жени во Лас Вегас

Иако датумот и локацијата за венчавката не им ги открија ниту на своите најблиски, репортерите ги фотографираа популарниот пејач Тони цетински и 15 години помладта Дубравка Дујак пред да се качат на авион за Лас вегас. Ретките патници кои во средата наутро се затекле на загребскиот аеродром Плесо љубопитно ја гледаа насмеаната блондинка и оседениот маж којк нежно ја прегрнуваше. 44-годишникот облечен во црно бил Тони Цетински а тоа утро никој не му побарал автограм, како на сите да им било јасно дека нешто важно се случува во животот на популарниот пејач. Но, малкумина знаеле дека тоа утро музичарот со својата избраничка се упатил во Лас Вегас каде ќе се венчаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top