| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Цетински се огласи по сообраќајката: Скршен сум. Воопшто не одам во Ровињ, ниту во Истра и не сум добро!

Тони Цетински (48) вели дека оваа година била исклучително тешка за него и за неговото семејство и дека посакува да ја заборави. Сепак, како што тврди, опкружен е со позитивна енергија.

„Имам соработници, пријатели и семејство околу себе“, изјави пејачот, додавајќи дека се доближил до Господ, верата и до семејството.

„Кога ќе доживееш тешки мигови, сфаќаш дека проблемите што те мачат понекогаш се занемарливи.“

Инаку, Цетински во почетокот на ноември со својот „мерцедес“ налета на Ибрахим Кевљанин кој лежел на ровињската „Пуста улица“, што потврди обдукцијата. Пејачот не присуствуваше на погребот на починатиот Кевљанин, познат по прекарот Брацо.

„Не можев да соберам сили. Не можам. Скршен сум. Воопшто не одам во Ровињ, ниту во Истра и не сум добро. Никому не му посакувам да му се случи ова што ми се случи мене, па дури ни на оние што се осмелуваат да инсинуираат грозни нешта“, објасни Цетински.

Музичарот смета дека миговите како таа несреќа се искушенија, а за деталите се’ уште не сака да зборува. Најмногу го погодиле неправдата и лажните информации за кои не сакаше да молчи.

„Во ниеден миг не сакав да испаднам жртва. Се соочив со еден ѕид од размислувања за се’ што се случи. Цел живот ти поминува низ главата“, заклучи Тони Цетински.

 

извор:убавинаиздравје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top