Во книжарницата „Феникс“ и денеска продолжи акцијата „Познатите сликаат“.
Овој пат сликаа Лилјана Плевнеш, Виолета Трајковска, Живко Поповски, Жаклина Мулева, Валентина Толевска-Мешковска, Сузана Томовска, како и Живко Кондев, Душан Бојчев, Гоце Андреевски и други.
-Имаше ретко пријатна атмосфера, релаксирана и по повеќе од пет часа дружење и сликање на сите како да не нис е одеше дома…Договоривме нова средба на 30 јануари, а на 4 февруари уште една мала свеченост и започнување на „Фестивалот на чајот и читањето“, вели Христо Петрески од „Феникс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.