Во Америка моментално расте трендот жените да не ги мијат своите коси со шампон, туку исклучиво со вода. Една од жените што срдечно го поддржуваат ова е и Жаклин Баерс, која шампон не употребила цели пет години. Таа за Хафингтон Пост објасни зошто се одлучила да не користи шампон и како ја одржува косата без него, објави „Фешнел“.
-Престанав да го користам вообичаениот шампон затоа што бев загрижена поради составот, па почнав да употребувам органски шампон, но тој беше прескап. Потоа почнав да барам алтернативи и наидов на една која подразбира мешање на сода бикарбона со јаболков оцет. Тоа го практикував две години, но не функционираше. Косата ми беше сува, па масна, па повторно сува. Од тие причини престанав да употребувам било што слично на тоа и така правам во последните три години, вели Жаклин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.