Овесните снегулки не се само корисни за конзумирање (одлични се за прочистување на цревата од токсини), а исто така се многу корисни за козметички цели. Секојдневното миење на лицето со овесни снегулки помага да се отсрани мрсниот сјај од кожата, акните и ситните брчки.
За да го направите тоа ќе ви биде неопходно:
Земете овесни снегулки и малку иситнете ги. Ставете ги на дланката и држете ги под вода 20 секунди.
Потоа, многу нежно, без гребење на кожата, 2-3 минути втривајте ги на кожата на лицето, вратот и деколтето. Подрачјето околу очите само намачкајте го, не го триете. На крајот, измијте го лицето со млака вода.
Доколку имате проблематична кожа, нема веднаш да забележите чудо. Овесните снегулки ќе успеат да ги решат сите проблеми на кожата – акните, бубулиците, инфекцијата…, но на почетоткот ефектите можат да бидат придружени со чешање, лупење на кожата, зголемување на бројот на бубулиците…
Но нема причина да се плашите. Кожата мора да се исчисти. Во овој случај , не го прекинувајте секојдневниот третман на миење на лицето со овесни снегулки. Чудо ќе се случи, но малку подоцна.
Да напоменеме уште еднаш: по третманот на миење на лицето со овесни снегулки, може да дојде до црвенило и блага иритација на кожата. Но, тоа е само привремено. По 1-2 недели кожата ќе се исчисти, ќе стане нежна и мазна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.