Древниот трик кој го користат Јапонките за брз раст на косата е многу поедноставен и поевтин од сите за кои досега сме слушнале, а намирницата која ја употребуваат тие сигурно се наоѓа во секоја кујна.
Станува збор за обичен ориз.
Сварете го оризот во вода и процедете. Откако ќе ја измиете косата со шампон, нанесете ја оризовата вода на темето и по должината на косата и масирајте. Потоа, оставете да делува 10 минути и исплакнете со млака вода. Резултатот сигурно ќе ве воодушеви бидејќи косата веќе по првиот пат ќе биде сјајна и мека, а по некое време ќе забележите дека таа многу побрзо расте.
Постапката повторете ја секој пат кога варите ориз бидејќи оваа техника не може да ѝ наштети на вашата коса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.