Чешката полиција соопшти дека во палестинската амбасада во Прага открила експлозивен систем, кој бил сместен во специјален отвор на книга.
Направата, како што пренесе дописникот на МИА од Прага, е предадена на стручна експертиза.
На 1 јануари, во палестинската резиденција во експлозија при манипулација со домашниот трезор загина амбасадорот Џамал Мухамад Џамал.
Подоцна полицијата во амбасадата најде 12 парчиња оружје за кое палестинските органи соопштија дека е подарок од претставници на поранешната ЧССР во 80-тите години на минатиот век.
Според чешкото Министерство за надворешни работи, држењето на оружје во дипломатските претставништва се смета за кршење на законите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.