В петок во 19 часот во Автономниот културно социјален центар, кој се наоѓа во непосредна близина на ОУ Песталоци, по повод роденденот на уметноста ќе се реализира проектот на Група МОМИ насловен „МАЛИ НЕШТА“ (со големи букви).
На поставката со своите дела ќе се претстават седумте авторки: Христина Зафировска, Марија Сотировска, Татјана Ристовска, Зорица Зафировска, Маја Кировска, Ана Ивановска и Кристина Хаџиева.
Секоја од нив поаѓајќи од својата приказна гледана преку личниот објектив, ќе ни ја претстави визијата која ја достига преку сопствениот контемплативен процес. Ќе бидат претставени седум различни перспективи, ослободени од популарните и естетските притисоци, спротиставени на стереотипите и вообичаеното врамување на нештата.
Проектот е концепиран да биде составен од помали дела и минијатури, без ограничување на техниката, т.е. ќе опфаќа поголем опсег на ликовни медиуми, во согласност со досегашната работа на авторките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.