Како изгледаат најубавите бањи во светот? Од луксузни до скромни, овие бањи не се во потполност такви какви што може да ги пронајдеме во одредена земја, туку ги покажуваат есенцијалните детали од својата култура, помешани на модерен и елегантен начин со малку хумор…
Грчка бања нѐ враќа назад во времето на антиката, но со многу силни бои. Се разбира, има и модерни елементи.

Богатиот марокански пристап е декадентен и страствен во својата виолетова палета, со ситни, сјајни плочки наредени во мозаик.

Типичната тосканска бања го нагласува дрвениот под кој дава дополнителна топлина.

Јапонската бања е класичен зен…

Кинескиот луксуз со сјаните, сребрени додатоци дава деликатен, но пред сѐ, „кул“ изглед.

Арапската бања е како приказна од „1001 ноќ“.

Практичната скандинавска бања е комбинација од едносттавност, практичност и чистота.

Руската бања многу потсетува на руска бајка, посебно со позлатените рабови и интересни плочки.

Храбрите американски графики го прават муралот впечатлив и модерен. Овој примерок често го наоѓаме на такси-возилата во Њујорк и е многу атрактивен.

Италијанскиот модернизам доаѓа до израз во италијанската бања.

Оваа модерна бања ги спојува турската бања со природните материјали кои создаваат чувство на релаксација и мир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


