| четврток, 6 декември 2018 |

Во сите бањи ќе има контроли најави Филиче

Во сите бањи ќе има контроли најави д-р Венко Филиче, министер за здравство.

– Тоа што сега го забележавме во Катлановска бања го санкциониравме на начин што се забрани здравствена дејност и ги упативме луѓето да ги завршат работите согласно законските регулативи. Како било досега навистина не можам да одговорам. Не секоја бања е регистрирана како приватна здравствена установа, туку како ДОО или ДООЕЛ. Тоа е нешто што ние сега ќе го средиме да биде согласно важечкиот закон – рече Филипче.

Како што тој изјави од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, издадена е забрана за вршење на таа дејност и официјалните лица од бањата се упатени во службите на Министерството тоа по регуларен пат го завршат во смисла на регистрација согласно нашите критериуми за регистрација на медицинска установа.

Тој информира дека по наодот на ДСЗИ денеска е закажан состанок со Фондот за здравствено осигурување на Македонија на кој ќе се разгледа овој проблем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top