| четврток, 6 декември 2018 |

Директен преност на балетот „Бесценети камења“ на Бољшој на платното во „Синеплекс“

На 19 јануари (недела) со почеток во 16 часот ќе биде прикажан третиот балет од сезоната на театарот Бољшој. Станува збор за директниот пренос на „Бесценети камења“ на Баланшин. Театарот Бољшој, Pathé Live и Cineplexx со гордост ќе го претстават балетот „Бесценети камења“, најпознатиот балет на кореографот Џорџ Баланшин за прв пат со директен пренос на големото кино платно.
Инспириран од познатите златарски излози на њујоршката петта авенија, „Бесценети камења“ е признание за жените и танцовите училишта во Париз, Њујорк и Санкт Петербург.
Кореографијата на овој балет настанала во 1967 година во Њујорк. Со својата костимографија налик бесценети камења им оддава почест на трите градови и трите танцувачки училишта кои обликуваа грациозност, естетика и стил со кореографот Џорџ Бланшин. Смарагдите се сметаат за камења кои и одаваат почест на француската романтична школа, рубините на традиционалниот
бродвејски мјузикл, а дијамантите на виртуозноста на класичните руски изведувачи.
Jewels 2

Секој дел од овој балет е различен во музиката и во расположението кое го отсликува. Смарагдите, кои Баланшин ги сметаше за „присеќање на Франција – француската елеганција, задоволство, костуми, парфеми“ се повикува на француските романтични танци од 19от век. Рубините се весел и остроумен дел, олицетворение на соработката на Стравински и Баланшин. Дијамантите се присеќање на редот и величественоста на империјална Русија, каде што Баланшин тренирал. Мери Кларк и Клемент Крисп изјавуваат: „Доколку целото балетско наследство на империјална Русија беше изгубено, Дијамантите сеуште ќе ни раскажуваа за неговата суштина.“
Глобално најуспешната серија на балетски преноси во кината, Бољшој балетот во живо, за оваа сезона 2013/14 ни подготви смела и раскошна програма која ја рефлектира различноста на најголемите балети во светот. Сезоната започнува со симболот на Бољшој балетот – прекрасниот епски херој „Спартакус“, прикажувајќи ја легендарната машка танцувачка техника на компанијата.
Популарните класични балети на Петипа од 19от век беа презентирани преку балетот „Пират“. Во „Бесценети камења“ на Бланшин ќе ги видиме изведувачите со своја изворедна кореографија во американски стил. „Загубени илузии“ е долготраен балет на најголемиот современ руски кореограф, талентираниот Алексеј Ратмански; а преку Шостакович и неговата „Златно Доба“, Бољшој балетот
повторно го оживува балетот кој беше забранет и цензориран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top