| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ и Серена Вилијамс без проблеми се пласираа во третата рунда во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ и Серена Вилијамс се меѓу главните фаворити за титулата на Австралија опен, а немаа проблеми во дуелите од второто коло и лесно се пласираа понатаму. Ѓоковиќ кој ја брани титулата, со 6-0, 6-4,6-4 го елиминира Леонард Мареј, а Вилијамс помладата со 6-1, 6-2 ја елиминира Весна Долонц.

Нејзината постара сестра Венус испадна на стартот од турирот по поразот од Екатерина Макарова.

Една од главните приказни на самиот почеток од престижниот гранслем е босанскиот тенисер Дамир Џумхур. Момчето од Сараево ноќеска го елиминираше Иван Додиг од Хрватска и ја продолжи босанската бајка во Мелбурн. Тој е прв тенисер од БиХ што минал едно коло на гранслем турнир, а ноќеска успеа уште еднаш да победи. Џумхур претходно мина и три квалификациски рунди за да стаса на главната сцена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top