| четврток, 6 декември 2018 |

Тамара Еклстон чека девојче

Тамара Еклестон ќерката на првиот човек на Формула 1 Берни Еклстон на нејзиниот профил на „Твитер“ објави дека е бремена и чека девојче. Веста ја проследи со фотографија од подарокот кој го добила на забавата за дарување за детето.

Станува збор за златно тропалче, спакувано во розова кутија со што потврди дека очекува девојче. Тамара која е во седми месец од бременоста покрај фотографијата додаде:

– Најубав „baby shower“ кој некогаш сум видела, имам најдобра сестра во светот.

Откако оваа деловна жена се омажи за Џеј Ратланд таа изјави дека се надева на девојче и сака нејзиното дете да е блиско со ќерката на нејзината помлада сестра Петра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top