| четврток, 6 декември 2018 |

Холандија ќе наплатува наемнина на затворениците

Како дел од мерките за штедење холандските власти го разгледуваат предлог законот за наплатување наемнина на затворениците за време на нивниот престој во затвор.

Според планот на холандската Влада, затворениците за престојот во затвор ќе треба да плаќаат по 16 евра од ден, најмногу во период од две години.

Министерството за правда наведува дека е праведно трошоците за престојот на криминалците во затвор да не го сноси само државата и општеството, додавајќи дека еден ден во затвор државата ја чини околу 250 евра од затвореник.

Друг предлог закон, предвидува затворениците да плаќаат надомест за истрагата и судската постапка.

Холандија минатата година најави затворање на 19 затвори поради намалување на буџетските трошоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top