| четврток, 6 декември 2018 |

Барак и Мишел Обама се разведуваат?

Претседателот на Соединетите Американски Држави и првата дама ја кријат информацијата дека се разведуваат, пишува магазинот„Нешнел Енквирер“.

Според магазинот, двојката нивниот дваесетгодишен брак го завршиле непосредно пред патувањето на Мишел на Хаваи.

Како главна причина се наведува тоа што Мишел дознала дека тајната служба два пати го „покривала“ кога тој наводно ја изневерувал.

– Мишел била толку вознемирена што не сакала да се врати дома од Хаваи – наведува изворот. – Вели дека не била спремна да се соочи со сите, па затоа Барак заминал дома со ќерките, а таа останла со Опра.

Изворот додава дека и некои од најблиските соработници на претседателот Обама биле потполно шокирани со неговото однесување на погребот на Мендела. Некои од нив одлучиле да бидат фер кон Мишел и и откриле дека тајната служба му помагала при прикривање на аферите.
– Барак нормално ја убедувал дека сето тоа се лаги, но таа сепак одлучила дека сака развод. Секако поради претседателскиот мандат тоа ќе се случи на крајот од 2016 година, иако за неа бракот е готов – заклучува изворот.
Дали се точни информациите на магазинот „Нешнел Енквирер“ останува да видиме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top