Лирим Јакупи – Нацист е уапсен во Косово, јавува албанската агенција ИНА.
Според информациите, Нацист е уапсен пред влезот на затворот Дубрава од инспектори на ЕУЛЕКС. Роднините и пријателите кои го чекаа пред затворот каде ја одлежуваше затворската казна и од каде денеска требаше да биде ослободен, останаа со празни раце, бидејќи, наместо на слобода, Нацист повторно доби лисици на рацете и тоа по барање на македонската полиција.
Јакупи е на списокот на бегалци по кои трага македонската полиција со меѓународна потерница. Се бара за повеќе кривични дела извршени во скопско Кондово во 2004 година но и за акцијата Бродец во 2007 година.
За апсењето е известена и македонската полиција. По комплетирањето на документацијата тој треба да и биде испорачан на земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


