| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус ќе го засилува Манчестер јунајтед, Погба и Видал се селат на „Олд Трафорд“?

Давид Мојес доби зелено светло од раководството на Манчестер јунајтед сериозно да го засили тимот во симскиот преоден рок, а прв пик на менаџерот на „црвените ѓаволи“ е дуото од Јувентус Пол Погба и Артуро Видал.

Мојес според британските медиуми бил на Сардинија викендов, го слдел мечот меѓу Калјари и Јувентус и разговарал со Бепе Марота за трансфер на Погба и Видал на „Олд Трафорд“.

Интересно е што Погба беше во Манчестер јунајтед, но Сер Алекс Фергусон не го процени најдобро квалитетот на одличниот француски дефанзивец, па Пол си замина пред 18 месеци.

„Тоа веројатно е една од најголемите грешки на Алекс Фергусон во кариерата“, изјави Зинедин Зидан. Планот на Јунајтед е Погба веднаш да се пресели во Манчестер во овој преоден рок, а Видал би пристигнал подоцна, летово.

Главен конкурент на „црвените ѓаволи“ во мисијата да се доведе Погба е Пари Сен Жермен кој нуди околу 50 милиони евра за ангажман на дефанзивецот на Јуве и светски првак со Франција до 20 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top