| четврток, 6 декември 2018 |

Дивите лавови пред него како мали мачиња (видео)

Да пробате да гушнете див лав тоа би била еднакво на самоубиство, но не мисли така зоологот Кевин Ричардсон.

Во текот на многу години на работа на терен и истражување Ричардсон има воспоставено импресивна интеракција со животните па така дивите мачки го пречекуваат како најдобар пријател.

Тоа може да се види од неговата снимка на која тој ги посетува лавовите. Откако ќе ги повика, тие веднаш му се нафрлаат, но не за да го изедат, туку за да го гушнат.

Речиси неверојатни се сцените во кои животните тешки повеќе од 200 килограми се галат со овој зоолог. Уште повеќе зачудувачки е фактот што Кевин го има истиот ефект и над хиените.

Видеата Ричардсон ги сподели на социјалните мрежи за да предупреди на истребување на многу диви животни видови. Слично сценарио им се заканува и на неговите пријатели, лавовите, бидејќи за 20 години би можеле да станат ретка глетка во Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top