Министерството за здравство на својата веб-страница веќе неколку дена ги има објавено документите од јавна набавка на нова опрема – рендген-апарати, дигитална PACS архива, дијагностичка работна станица и резачи на Дикон – ЦД/ДВД.
Оваа јавна набавка деновиве СДСМ ја искористува за напад врз Министерството и лична пресметка со министерот Никола Тодоров. Притоа, свесно или не, се прикажува информација за промената на сопственоста на компанијата која не соодветствува со вистината.
Така, се вели дека фирмата „Висарис“ ја сменила сопственоста 9 дена откако е распишан јавниот оглас и преминала во сопственост на извесен Марко Петровиќ. Но, Марко Петровиќ станал сопственик на „ВИСАРИС МКД Дооел“ цела година пред да биде распишан тендерот. Тој како единствен сопственик учествувал на тендерот. Во време пред да биде распишан и додека траела тендерската постапка, друго име не фигурирало ниту како сопственик ниту како косопственик на оваа фирма.
Наместо на 20.12.2012 , како што посочува невистинитата инфомација која ја пласира СДСМ, сопственичката структура се менува на 20.12.2011 година кога Петровиќ станува сопственик на фирмата „Висарис МКД Дооел“, а тендерот се распишува речиси една година подоцна, односно на 11 декември 2012 година.
Тоа значи дека исписот на сопственоста не е девет дена по распишувањето на тендерот, туку една година пред тоа. Ова го потврдуваат и документите кои беа објавени во јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.