| четврток, 6 декември 2018 |

Милан Кучан демантира врска со УДБА

milan-kucanПоранешниот претседател на Словенија, Милан Кучан изјави дека нема никаква врска со дејствувањето на поранешната југословенската  служба за државна безбедност (УДБА), која во време на поранешна Југославија се поврзува со пресметки со политичката емиграција.

Кучан реагираше на состанок на парламентарна комисија за петиции и човекови права која неодамна расправаше за кршење човекови права од припадници на УДБА во 70-те години од минатиот век.

Кучан денеска ги демантираше наводите кои го поврзуваат со ликвидација на Стијепан Црногорац, студент по теологија кој во 1972 година бил киднапиран во Салцбург, пренесен на тајно сослушување во Љубљана и подоцна ликвидиран без судење.

Кучан денеска достави до Комисијата архивски примерок од дневниот ред и стенограми од тој партиски состанок од кој може да се види дека за емигрантот Црногорац тогаш не било расправано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top