Не сите холивудски ѕвезди лесно стигнале до нивната слава. Памела се прославила благодарение на пиво, Мел Гибсон поради тоа што не се совпаѓал во концептот на негативец, Џони Деп бидејќи бил премногу убав за маска, а Шарлиз Терон поради повреда на коленото.
Памела Андерсон
Популарната „чуварка на плажата“ во 1989 година работела како фитнес инструктор во Ванкувер. Едно попладне таа решила да оди на рагби натпревар, а за таа пригода облекла кратка маица со логото на пивото „Лабат“. Откако се појавила на видеобимот љубителите на пивото барале информации за непознатата дама. „Лабат“ ја вработиле Памела како портпарол, а потоа следело и првото фотографирање за „Плејбој“. Останатото е историја.
Џони Деп
Благодарение на пријателот Џеки Ерл Хејли, Џони Деп отишол на аудиција за улога на маскиран домар кој убива деца во нивните сонови. За среќа, го спасил режисерот Вес Крејвен кој го прашал дали сака да ја глуми жртвата бидејќи бил премногу убав за маска. Станува збор за филмот „Кошмар на улицата Елм“.
Мел Гибсон
Тогаш младиот глумец Мел Гибсон, пријателите едвај го натерале да отиде на аудиција за улога на полицаец кој се бори против банда на моторџии. Иако се противел на идејата, Гибсон прифатил. Бидејќи не се совпаѓал во концептот на негативец, тој ја добил улогата во сега култниот „Лудиот Макс“.
Мерилин Монро
Познатата Норма Џин работела во воена фабрика. Во сплет на среќни околности во фабриката дошол фотограф кој работел во воената индустрија, а Мерлин му го привлекла вниманието. Нејзината фотографија завршила на насловната страна, а за кратко време работите тргнале во текот кој денес сите го знаат.
Шарлиз Терон
Судбината не сакала Шарлиз да биде танчарка. Го повредила коленото и во очај отишла во Лос Анџелес да се пробие во светот на глумата. Не ѝ одело лошо сѐ додека не се скарала со еден банкарски службеник, а сето тоа го забележал менаџерот Џон Кросби. По неколку месеци ја добила улогата во филмот „Деца од пченката“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Од солзите ништо не гледав: Актерот проговори за депресијата, разводот, зависноста
-
Што се случува со убавецот од Холивуд: Џони Деп изгледа ужасно, фановите загрижени (галерија) (видео)
-
Му ја бришевме дрогата од лице, а немавме за ручек – телохранителите го тужат Џони Деп
-
Тој ја истепа, таа му зеде 7 милиони долари и еве што направи со парите







