| четврток, 6 декември 2018 |

Бебиња оставени на -30 степени

bebinja-nadvor-03Бебињата во Шведска, како и во другите нордиски земји, ги оставаат да спијат надвор во зима „затоа што тоа е здраво“. Тоа не случај само со некои родители, туку традицијата ја поддржуваат и институциите, на пример градинките, пренесува Точка.мк.

Доколку температурата падне под -20 Целзиусови степени, тогаш само ги покриваат со повеќе ќебиња.

-Кога температурата паѓа под -15 Целзиусови степени, ги покриваме со повеќе ќебиња. Но не е секогаш до температурата. Има денови кога термометарот покажува -15, а поради ветерот е поладно. Тогаш го кратиме спиењето надвор. Важно е да се убаво облечени и да имаат добра вреќа за спиење – пренесува вработена во градинка.

bebinja-nadvor-01– Мислам дека тоа е многу корисно за нив. Посебно во зима кога владеат болести. Децата од ладниот воздух се поздрави – вели мајка на три деца од Стокхолм.

Верувањето дека свежиот воздух во зима и во лето е покорисен од целодневното дружење во затворени простории се надоврзува на научните тврдења кои докажуваат дека спиењето надвор трае подолго. Според нив, идеална температура за спиење надвор е -5 Целзиусови степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top