| четврток, 6 декември 2018 |

Тинејџерот Берарди и Сасуоло го нокаутираа Милан (видео)

Тинејџерот Доменико Берарди го нокаутираше големиот Милан и со извонредна претстава зачинета со 4 гола речиси сам го урна фаворитот. Берарди има само 19 години и како позајмен играч од Јувентус настапува за Сасуоло, тим што направи голем подвиг и победи со 4-3.

Да биде успехот уште поголем треба да се напомене дека Милан водеше со 2-0 по само 13 минути игра со головите на Робињо и на Балотели. Оттогаш почна извонредното гол-шоу на Берарди, кој стрелаше прецизно во 15, 28, 41 и 47 минута, за целосен пресврт и водство на Сасуоло од 4-2. Во финишот Монтоливо намали на 3-4, но Милан немаше сили за да освои барем еден бод.

По денешниот пораз повеќекратниот италијански шампион остана во вториот дел на табелата со 22 бода и е далеку од врвот со цели 30 бода помалку од лидерот Јувентус. Сасуоло по 19 кола се наоѓа на 16-та позиција со 17 бода.


Sassuolo 4-3 AC Milan All Goals by all-goals

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top