| четврток, 6 декември 2018 |

Опасна закана: Исламисти од Сирија може да се свртат накај Србија, Македонија и Црна Гора

Се приближува опасна закана, предупредува српски Курир, додавјќи дека во случај на прекин на огнот во Сирија, во Србија и земјите од регионот би можеле да се вратат околу 300 исламисти, кои доброволно отишле во војна во Сирија.

На тој начин, според српски Курир, покрај Србија, на удар од терористички напади би можеле да се најдат и Босна и Херцеговина, Албанија, Македонија и Црна Гора.

Политичкиот аналитичар Мирослав Лазански за Курир вели дека по доаѓањето во домашните држави претставуваат голема опасност.

– Ги викаат бела Ал Каеда токму поради тоа што можат да направат циркус. Обучени се, платени да убиваат, а покрај тоа тие се млади усвитени глави. По година војување во Сирија, секако дека од нив не можеме да очекуваме да бидат мирни соседи, да одат во црква и да гледаат фудбал – вели Лазански.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top