| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанското дерби без голови, Атлетико и Барселона разочараа

Шпанското дерби меѓу двете водечки екипи Атлетико и Барселона што се одигра вечерва во Мадрид заврши нерешено без голови во меч со многу малку шанси и само 4-5 удари во рамките на голот на дават тима.

Валдес и Куртоа немаа премногу работа, а најзрелата шанса ја имаше Меси во второто полувреме, но Тибо Куртоа го одбрани неговиот удар.

Барселона благодарение на подобрата гол-разлика остана на врвот со 50 бода, колку што има и Атлетико. Ремито вечерва му одговара на третиот кандидат за титулата Реал Мадрид кој утре гостува во Барселона кај Еспањол и со победа ќе дојде на само три бода разлика во однос на водечкиот тандем во Примера дивизија.

Денеска се одигра уште еден натпревар од 19. коло, а Селта со 2-1 ја победи Валенсија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top