| четврток, 6 декември 2018 |

Јунајтед конечно победи

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед конечно славеа на „Олд Трафорд“ со победата над екипата на Свонси со резултат 2-0 во последниот денешен натпревар од 21 коло во Премиерлигата.

Валенсија во 47.минута и Велбек во 59.минута беа стрелци на головите за „црвените ѓаволи“ кои во вториот дел успеаја да го скршат отпорот на велшкиот тим.

Јунајтед со оваа победа се качи на седмата позиција со 34 бода, 12 помалку од лидерот Челси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top