| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи: Изборот за претседател е небитна, предвремени паламентарни избори интересна тема

Menduh-Taci-5

Претседателските избори за небитна тема, а парламентарни избори се сериозна и интересна тема за која треба внимателно да се зборува, смета Мендух Тач, лидерот на ДПА.

Тој смета дека функцијата претседател немала големи законски ингеренции, а консензуалниот кандидат што го предложил ДУИ и Али Ахмети за Тачи е бегање на партијата на власт од решавање на реалните проблеми.

– Ахмети се наоѓа во тешка состојба и произведува тема наместо да се спротистави на антиалбанската политика и проекти што ги спроведува Владата –  изјави Тачи..

Во однос на тоа дали ДПА е за организирање на предвремени парламентарни избори, Тачи вели дека е за демисионирање на ДУИ од власта.

– Доколку речам дека сме за предвремени парламентарни избори веднаш ќе ми се замери дека сум направил договор со ВМРО-ДПМНЕ. Состојбата во државата е лоша, скоро безизлезна, а такво е мислењето и на ДУИ и Ахмети. Мојот предлог за надминување на оваа состојба е демисионирање на ДУИ и Ахмети, надополни лидерот на ДПА.

Тпј по денешното реорганизацијата на партијата, посочи дека од денеска се подготвени за секоја политичка битка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top