| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Бакрачески: Во 2014, Охрид ќе го претвориме во едно големо градилиште!

Реконструкција и изградба на улици во Охрид и околината, нови водоводни мрежи во Елешец и Елшани, Лескоец, Велгошти, атмосферска канализација во Воска и Даљан, реконструкција на детските градинки и училишта, се само дел од проектите кои се веќе завршени и испратени до Светска банка од каде се очекува одобрување на кредит со чии средства тие ќе бидат реализирани во текот на 2014 и 2015 година, објави „Охрид њуз“.

– Наш приоритет беше во целост да ги завршиме проектите со кои аплициравме до Светска банка за добивање на кредитот. Нескромно е ако кажам дека имаме намера во текот на 2014 Охрид да го претвориме во едно големо градилиште. Досега во локалната самоуправа немало постапка која би овозможила создавање услови за добивање на ваков кредит, од причина што никогаш до сега не биле завршени во целост проектите. Тоа пак  доведе до голем број судски спорови, кои сега треба да ги решаваме. Секој проект има фази, елементи и распоред на активности кои треба да се реализираат по одреден редослед , ако недостасува само еден документ проектот не може да се реализира, бидејќи Светска банка има точно утврдени критериуми по кои може да се одобрат средства за кредит, изјави градоначалникот Никола Бакрачески.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top