| четврток, 6 декември 2018 |

Владата ќе ја поддржи промоцијата на земјоделските производи во странство

Владата ќе поддржи присуство на саем за вино во Пекинг и се разгледува можноста за промоција на македонските производи на саемот во Хонг Конг или во кинескиот град Гуангџоу, кој е најголем град во светот. Во Европа ќе биде поддржано присуството на саемот Фрутологистика во Берлин, еден од најголемите светски саеми на овошје и зеленчук, потоа присуството на македонското вино на саемот во Вилнус, Литванија, во Полска, Холандија, Швајцарија и Словенија. Во Руската федерација ќе биде поддржано присуството на вино и овошје и зеленчук на два саеми во Москва.

– За првпат оваа година организирано со финансиска помош ќе биде одржано претстување на вино, овошје и зеленчук во Северна Америка односно на саемите за храна и вино во Њујорк, изјави Ѓеорѓиев.

Листата на саеми е направена во соработка со самиот еснаф и консултирани се земјоделските здруженија, асоцијациите на производители и продавачи на вино и на производители и продавачи на овошје и зеленчук.

Владата финансиски ќе ги покрие сите трошоци што значат обезбедување на простор во рамките на самите саемски манифестации, закупување на штанд, комплетно финансирање на штандот и печатење и дистрибуција на промотивен матеијал од областа на земјоделските производи.

– Сакаме да апелираме до сите субјекти, до сите наши земјоделски компании да ја искористат оваа можност. Во Министерството за земјоделство се на располагање во секој момент да им ги објаснат секој детал и аспекти, како може да се пријават за да присуствуваат на овие саеми, изјави Ѓеорѓиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top