| четврток, 6 декември 2018 |

Софија Вергара му удри шлаканица на Џими Кимел

Познатиот холивудски водител Џими Кимел, на гости во неговото ТВ шоу ја покани прекрасната актерка Софија Вергара, а потоа ѝ читаше навреди од интернет кои луѓето ги пишувале за неа, пренесува Портал.

Водителот на популарното „Late Night“ шоу – Џими Кимел, воопшто не се срами да направи било што за да ги насмее неговите гледачи. Тој досега има рапувано со мегапопуларниот Еминем, се бакнуваше на усни со Џони Деп, а сега ја навреди Софија Вергара и си доби шлаканица.

Иако шамарот беше дел од сценариото во кое тие разменуваа навреди кои луѓето на интернет ги имаат напишано за нив, сепак фактот дека шамарот беше доволно реален може да се слушне и види на самата снимка.

Сè започна кога прекрасната Вергара прочита дека Кимел е здодевен водител, кој не треба да го гледате. На тоа Кимел ѝ одговори дека таа има вилица на маж и дека е грда. Но процесот на навредување ја доживеа својата кулминација кога водителот за една од најсексапилните жени на светот изјави: „Дали некој има проверено дали Софија Вергара има пенис?“.

По ова прашање следуваше шамар со одговор: „Поголем од твојот“. – Погледнете како тоа изгледаше во видеото подолу!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top