Тројца уапсени, издадени седум потерници за апсење и дваесет и пет обвинети е резултатoт на неколкумесечната судска истрага за случајот на незаконско земање заеми од Постбенк (Postbank) кои беа иницирани од текстови објавени во медиумите, објави Нова ТВ, повикувајќи се на грчките медиуми.
Минатата ноќ полицијата во Атина и Солун уапси тројца мажи на возраст од 47, 48 и 75-годишна возраст, меѓу кои е и бизнисменот и сопственик на Алфа ТВ Димитрис Контоминас, кој и е познат и на македонската јавност по неговите бизнис-зделки во земјава.
Истрагата започна на 3 јуни 2013 година, а според извештајот презентиран на крајот на предистражната истрага, 25 обвинети ќе мора да ја преземат одговорноста за следниве обвиненија: Измами против државата, соучество во измама, перење пари, како и соучество во перење пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.