| четврток, 6 декември 2018 |

Новинарка на ХТВ доби отказ поради филмови за Готовина

Новинарката на емисијата „ТВ Календар“ на државната Хрватска телевизија (ХТВ), Нада Пркачин, доби отказ поради изработката на два документарни филма за пензионираниот генерал Анте Готовина – „Лов на Готовина“ и „Чесен суде, не сум виновен“.

Како што пренесоа хрватските медиуми, раководството на телевизијата тврди дека новинарката ги снимила филмовите без одобрение на надлежните, користејќи архивски материјали од ХРТ, како и дека на „Јутјуб“ непримерно зборувала за своите колеги и за ХРТ.

Таа, од своја страна, вели дека само рекла оти програмата на ХТВ е непрофесионална.

– Да, добив отказ и сега мојот адвокат презеде сѐ – изјави Пркачин.

ХРТ само кратко соопшти дека Пркачин добила отказ на договорот за работа поради погрешно однесување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top