Новинарката на емисијата „ТВ Календар“ на државната Хрватска телевизија (ХТВ), Нада Пркачин, доби отказ поради изработката на два документарни филма за пензионираниот генерал Анте Готовина – „Лов на Готовина“ и „Чесен суде, не сум виновен“.
Како што пренесоа хрватските медиуми, раководството на телевизијата тврди дека новинарката ги снимила филмовите без одобрение на надлежните, користејќи архивски материјали од ХРТ, како и дека на „Јутјуб“ непримерно зборувала за своите колеги и за ХРТ.
Таа, од своја страна, вели дека само рекла оти програмата на ХТВ е непрофесионална.
– Да, добив отказ и сега мојот адвокат презеде сѐ – изјави Пркачин.
ХРТ само кратко соопшти дека Пркачин добила отказ на договорот за работа поради погрешно однесување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.