| четврток, 6 декември 2018 |

Клековски: На СДСМ му е потребно повеќе идеологија

nepotizam-mkd-2-klekovski

Но­во­то ра­ко­водс­тво на СДСМ ја сме­ни стра­те­ги­ја­та за гра­де­ње на реј­тин­гот, па се­га се оби­ду­ва со по­пу­ли­стич­ка про­гра­ма да ја вра­ти до­вер­ба­та кај гра­ѓа­ни­те. Сме­та­те ли де­ка до­се­га тоа ус­пеш­но го пра­ви и де­ка тоа мо­же да до­не­се ус­пех на из­бо­ри су­деј­ќи спо­ред ре­зул­та­ти­те од ан­ке­ти­те што ги ви­дов­ме до­се­га?

 – Реј­тин­зи­те од 2011 го­ди­на на­ва­му по­ка­жу­ва­ат ма­ли про­ме­ни на рас­по­ло­же­ни­е­то на гра­ѓа­ни­те, што зна­чи де­ка не до­а­ѓа до клуч­на про­ме­на, на­ма­лу­ва­ње на до­вер­ба­та во ВМРО-ДПМНЕ или зго­ле­му­ва­ње на до­вер­ба­та во СДСМ. Тоа де­лум­но се дол­жи на не­рам­но­прав­на­та ме­ди­ум­ска по­кри­е­ност на два­та бло­ка, но и на не­ус­пе­хот на СДСМ да ја пре­диз­ви­ка про­ме­на­та. На ло­кал­ни­те из­бо­ри во 2013 го­ди­на гра­ѓа­ни­те не ја под­др­жаа по­ли­ти­ка­та на „от­пор“ на СДСМ. Се­га СДСМ има две перс­пе­кти­ви: по­ве­ќе по­пу­ли­зам или по­ве­ќе иде­о­ло­ги­ја. Со огра­ду­ва­ње де­ка сум до­жи­ве­ан од по­е­дин­ци ка­ко пров­ла­дин, мо­е­то мис­ле­ње е де­ка на СДСМ му по­треб­но по­ве­ќе иде­о­ло­ги­ја. Са­мо та­ка ќе пре­ста­не да се нат­пре­ва­ру­ва на до­ма­шен те­рен на ВМРО-ДПМНЕ и ќе на­пра­ви јас­на раз­ли­ка од ВМРО-ДПМНЕ. И со по­ве­ќе иде­о­ло­ги­ја, СДСМ тре­ба да би­де под­го­твен ус­пе­хот да го оче­ку­ва на сред­ни па­те­ки, вели Сашо Клековски во интервјуто за неделникот Република.

(целото интервју можете да го прочитате во 71. број на неделникот Република, кој е во продажба од денеска, 10 јануари)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top