
Новото раководство на СДСМ ја смени стратегијата за градење на рејтингот, па сега се обидува со популистичка програма да ја врати довербата кај граѓаните. Сметате ли дека досега тоа успешно го прави и дека тоа може да донесе успех на избори судејќи според резултатите од анкетите што ги видовме досега?
– Рејтинзите од 2011 година наваму покажуваат мали промени на расположението на граѓаните, што значи дека не доаѓа до клучна промена, намалување на довербата во ВМРО-ДПМНЕ или зголемување на довербата во СДСМ. Тоа делумно се должи на нерамноправната медиумска покриеност на двата блока, но и на неуспехот на СДСМ да ја предизвика промената. На локалните избори во 2013 година граѓаните не ја поддржаа политиката на „отпор“ на СДСМ. Сега СДСМ има две перспективи: повеќе популизам или повеќе идеологија. Со оградување дека сум доживеан од поединци како провладин, моето мислење е дека на СДСМ му потребно повеќе идеологија. Само така ќе престане да се натпреварува на домашен терен на ВМРО-ДПМНЕ и ќе направи јасна разлика од ВМРО-ДПМНЕ. И со повеќе идеологија, СДСМ треба да биде подготвен успехот да го очекува на средни патеки, вели Сашо Клековски во интервјуто за неделникот Република.
(целото интервју можете да го прочитате во 71. број на неделникот Република, кој е во продажба од денеска, 10 јануари)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


