| четврток, 6 декември 2018 |

Сите во еден глас, навиваме за Македонија!

Print

Подгответе се за уште една ракометна еуфорија заедно со македонската ракометна репрезентација и Вип. Од 12 до 26 јануари 2014 година да ги бодриме нашите ракометари на Европското првенство за мажи во Данска.

Со вкупно 16 селекции распределени во 4 групи, натпреварите ќе се одиграат во четири градови, и тоа: Хернинг, Алборг, Архус и Копенхаген. Нашите ракометари се дел од Групата А, каде што ќе си ги одмерат силите со домаќинот Данска, како и со Чешка и со Австрија.

Првите натпревари на нашата ракометна репрезентација започнуваат на 12, 14 и 16 јануари, и тоа по следниот распоред:

  • 12.1.2014 во 20.30 ч., Данска – Македонија
  • 14.1.2014 во 18.15 ч., Македонија – Чешка
  • 16.1.2014 во 18.15 ч., Македонија – Австрија

Соработката на Вип како официјален партнер на Ракометната федерација на Македонија продолжува веќе шеста година, како верен пријател на спортот. Вип го поддржува нашиот ракометен тим, нивниот спортски дух, тимска работа и фер игра.

Тие повикуваат, заедно, во еден глас, да ја поддржиме нашата репрезентација и да го промовираме македонскиот ракомет. Затоа што, секој наш успех ветува повеќе за иднината на овој спорт и претставува мотив за идните генерации.

Да ја искористиме оваа можност и да ја претставиме нашата земја во најдобро светло. Бидете дел од навивачкиот тим со Вип! Сите во еден глас, навиваме за Македонија!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top