| четврток, 6 декември 2018 |

Претседател ќе бираме на 23 или 30 март?!

izbori-35

Демократската унија на Албанците и понатаму бара претседателски кандидат избран со консензус и прифатлив за сите граѓани. Тие досега неколку пати истакнаа дека не би го поддржале актуелниот претседател Ѓорге Иванов доколку тој се кандидира за втор мандат.

 Од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сѐ уште нема имиња на претседателските кандидати. Се очекува изборите да се оддржат на 23 или 30 март, законскиот рок од шеесет дена пред истекот на мандат на Иванов, кој ја презеде функцијата на 12 мај 2009. Кандидатурите за претседателската функција ќе бидат познати кон крајот на февруари или најдоцна 35 дена пред денот на одржување на изборите. Претседателот на Собранието Трајко Вељановски кон крајот на месецов се очекува да ги распише претседателските избори, а кампањата би започнала на почетокот на март.

Алфа потсети дека премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во предновогодишното интервју на МТВ рече дека претседателот Иванов одговорно ја врши функцијата. Јове Кекеновски пак најави дека на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се појави како еден од аспирантите за претседателски кандидат на најголемата владеачка партија. Кај содијалдемократите исто така сеуште се прават анкети за тоа кој од можните кандидати најдобро котира. Меѓу оние кои се споменуваа како можни кандидати се поранешниот уставен судија Бранко Наумовски, Кире Наумов, професорот Стево Пендаровски, екс – гувернерот Петар Гошев. Со свои кандидати ќе настапат и ГРОМ на Стевчо Јакимовски и Граѓанската Алијанса на Бучковски, Зиков и Јорданов. Досега единствен кој најави дека ќе се кандидра на претстојните претседателски избори е Стојанче Ангелов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top