| четврток, 6 декември 2018 |

Германија ќе го уништува сириското хемиско оружје

hemisko oruzjeГерманија се приклучи на меѓународните напори за уништување на хемиското оружје на Сирија, заеднички соопштија министерствата за надворешни работи и за одбрана на државата. Отпадот од уништеното оружје ќе биде запален во погон во градот Мунстер. Тоа е одговорот на барањето за помош на ОН и организацијата за забрана за хемиско оружје.

„Владата одлучи дека Германија е подговена да стори значаен придонес во уништувањето на хемиското оружје. Германија е подготвена и има капацитет за да се уништи отпадот од хемиското оружје на нејзина територија“, се наведува во заедничкото соопштение во кое се наведени практички детали на операцијата.

„Германија има безбедна технологија и богато искуство во справување со хемиско оружје. Го ставаме на располагање ова знаење на меѓународната заедница, со што ќе дадеме значителен придонес во мировниот процес во Сирија“.

Практичното справување со отпадот ќе се довери на Федералната фабрика за обработка на оружје и уништување хемиски отпад во Мунстер, Долна Саксонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top