Прекрасните Адам Сен, Тони Вард, Ноа Милс и Евандро Солдати се машките модели – ѕвезди на оваа фотосесија фотографирана од уникатниот Доменико Долче, за новата кампања на „Долче и Габана“.
Фотосесијата е направена во мистичната Таормина на Сицилија, каде што единствено може да се долови шармантниот дух на преубавата Италија. Италијанските пекари и продавачи на овошје и зеленчук се дополнителните секси актери во неколкуте автентични сицилијански сцени.
Во рамки на овој едиторијал, Долче и Габана најмија и некои од најдобрите манекенки на денешницата, како нивната омилена Бјанка Балти и Ева Херцигова, кои го претставија женскиот дел од оваа колекција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.