Централна разузнавачка агенција (ЦИА) покрај теренското шпионирање и регрутирање агенти низ светот, врши и собирање податоци за рудните и енергетските богатства на земјите во светот и инфраструктурата и индустриските капацитети за нивно искористување. Македонија не е исклучок и ЦИА постојано врши анализи и на македонските ресурси, пишува „Дневник“.
Една од овие процени, од октомври 1955 година, била заведена како таен документ во архивите на ЦИА, и во неа се наведува дека Македонија располага со ураниум, во близина на границата со Грција.
– Најбогатите наоѓалишта на ураниумска руда во Југославија се смета дека се во близина на југословенско-грчката граница, во планините јужно од Битола. Рудата се наоѓа во глина која Југословените ја нарекуваат диатомејска глиница (диатомејска земја). Југословените планираат да изградат шесткилометарска жичница до Прилеп, каде што би се отворила постројка за дробење на рудата. Изградбата на оваа жичница се проценува на милион динари, пишува во информацијата која е достапна за јавноста, но откако значителен дел од документот претходно бил избришан – објави „Охрид њуз“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Широк сокак обоен во црвено-жолто (видео)
-
ИФФК „Браќа Манаки: Оскаровецот Роџер Дикинс се запозна со тимот на фестивалот (галерија)
-
МВР oфицијално: Приведен Е.Т. од Битола осомничен за убиството
-
СДСМ од Иловица и Штука со директни пораки кон Заев: Премиерот да се изјасни дали ќе го сопре рудникот или не!