| четврток, 6 декември 2018 |

Озил третпат најдобар германски фудбалер

mesut ozilЗа германските навивачи трета година Месут Озил е најдобар фудбалер во земјата. Играчот од средниот ред на Арсенал победи убедливо во изборот за 2013 година со 30 отсто од гласовите на навивачите, додека зад него останаа Филип Лам (17,5%) и Томас Милер (13,6%).
– Овој избор ме прави среќен и горд бидејќи се работи за избор од страна на навивачите. Наедно, ова е голема обврска за мене за 2014 година – порача Озил.
Навивачите избраа и најубав гол за минатата година, награда што ја освои Сами Кедира за погодокот против Франција во победата од 2:1 во Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top