| четврток, 6 декември 2018 |

Кога вода што врие се истура на -29 степени (ВИДЕО)

Поларната температура што деновиве ја погоди северноамериканската почва предизвика хаос меѓу жителите, но и мотивираа поединци да извршат различни експерименти.

Еден од нив е метеорологот Ерик Холтаус од Вирокија, Висконсин, кој објави интересно видео на „Јутјуб“ за тоа што се случува кога вода што врие ќе се истури во воздух на температура од -29 степени.

Сепак, Холтаус не е првиот кому му текнало ова. Минатата година, кога во Битола температурата достигнуваше и до -40 степени, на ист начин се забавуваа и битолчани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top